Нова пракса во Кина, жените изнајмуваат мажи за 264 долари

Се повеќе се популарни сајтовите за запознавање, а во последно време и оние сајтови преку кои може да се изнајми партнер за една вечер ( како „Рент а гент“) да ве изведе на вечера, да ви ги измие садовите и да го поправи компјутерот.

Еден таков сајт постои во Кина, преку кој изнајмувате маж за цел ден, а Мелани Ли, блогерка го опишува своето искуство.
„Можеше да биде најдобро момче на светот, но можеше да биде и сериски убиец,“ изјави Мелани.

Колку би платиле за некој да го одглуми вашето момче на еден ден. Зависи од тоа што ви треба. За многу Кинескињи притисокот дека мораат да имаат посилна половина е толку голем, така што тие започнаа да ги користат овие услуги и со изнајмени момчиња повремено ги посетуваат родителите.

Превработените девојки ги користат улсугите „рент-а момче“ кога на некое случување треба да се појават со партнер.Цената на ден е 264 долари, и во неа не се вклучени прегратки, држење за рака и друг физички контакт.