Нова причина СДСМ да бега од избори – Геровски: Рејтингот на Груевски пораснал

Една од ударните тупаници на СДСМ и главни новинарски пера Бранко Геровски во колумна изнесува информација дека рејтингот на Груевски пораснал. Тој признава дека „му се зголемил рејтингот за цели 3 отсто„.

Тоа значи дека и самиот опозициски блок и СДСМ е свесна за огромната поддршка на народот спрема Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наспроти очајно слабиот рејтинг на СДСМ и Заев, што од друга страна е една од причините СДСМ да се плаши од избори, пишува Курир.

Ова влијае и деморализирачки кај членството на СДСМ и според информациите значи дека рејтингот на Груевски кој што според самиот Геровски се зголемил за цели 3 проценти, е дури подобар од периодот пред бомбите, што укажува за фијаското и непотребното губење на време и штетите предизвикани со кризата наметната од СДСМ која што граѓаните не ја одобруваат.

Инаку според официјалните податоци од последното истражување на јавното мислење на угледниот американскиот институт ИРИ Груевски убедливо со најголема предност меѓу политичарите. Во него веруваат 18 % од анкетираните граѓани, што е за 2,5 пати поголема поддршка во однос на Зоран Заев кој има доверба кај само 7 отсто од народот. Али Ахмети е веднаш зад него со шест отсто доверба, а во Менудх Тачи само два отсто од анкетираните граѓани имаат доверба.

На прашањето за која партија би гласале доколку утре се одржат парламентарни избори вкупно 23 отсто од граѓаните би ја дале својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, 11 отсто би гласале за СДСМ, за ДУИ би гласале 7 проценти, а за ДПА 3отсто.

Инаку не е прв пат Бранко Геровски во колумни да дава инструкции до раководството на СДСМ за начините на однесување но и работите што тие би требало според него да ги превземат.  Тој преку неговите колумни на извесен начин им дава упаства кои се наменети за недораснати политичари, ги прекорува и усмерува, Па така во својата последна колумна тој освен за рејтингот говори и за тоа дека Груевски ќе продолжи да промовира и работи на реализација на ветувањата до крај за што, обраќајќи се во прво лице до раководството на СДСМ им порачува „ знам дека не ви се допаѓа ова што го читате, ама немојте сега да ме карате. Некој мора да ви каже каков е планот„ пишува Геровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.