среда, 18 јануари 2017  |  Вести денес: 49

Нова програма за рурален развој вредна над 33 милиони евра

zemjodelie

Поврзани вести

Владата треба да ја донесе новата програма за рурален развој во износ поголем од 33 милиони евра. Земјоделството со помош на оваа програма секоја година ја зголемува конкурентноста во производството и го подобрува животот во руралните средини, објави МРТ.

Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на млади земјоделци се дел од мерките кои и оваа година ќе се ко-финансираат преку програмата за рурален развој.

Покрај зголемувањето на конкурентноста на земјоделските стопанства се обезбедуваат и финансии за нови локални патишта, водоводи и инфраструктурата во руралните подрачја.

Програмата е правена согласно потребите на земјоделците во соработка со нивните здруженија и во неа ќе влезат проекти кои се веќе започнати или се во тек на реализација.

Најчитани вести