Нова програма за зајакнување на семејството

Министерот за правда на Република Македонија Аднан Јашари заедно со Претседателот на Државниот совет за превенција на детско престапништво на Република Македонија Миле Гиновски, денеска го промовираа реализирањето на програмата за зајакнување на семејствата.

Министерството за правда како и досега дава поддршка на активностите на Државниот совет кои се во насока на натамошно зајакнување на институционалните и човечки капацитети за превенција на детското престапништво.

-Оваа програма има превентивен карактер преку зајакнување на капацитетите на семејствата и превенирање на проблемите поврзани со ХИВ/Сида, криминал и наркоманија. Таа е наменета за деца кои се уште не манифестираат проблеми, рече министерот Јашари.

Воедно рече министерот, таа е продолжување на соработката на Република Македонија со Канцеларијата на Обединетите Нации за дрога и криминал и во изминатите две години е имплементирана во 10 пилот училишта а со која беа опфатени повеќе од 350 родители и ученици на возраст од 10-14 годишна возраст.

-Во досегашната практика оваа програмата покажала ефикасност во зголемување на способноста на децата  да постават соодветни граници под притисоците на врсничката група, а родителите да покажат љубов и поддршка на нивните деца  и да ги практицираат научените родителски вештини. Истражувањето исто така покажало долгорочни влијанија врз адолесцентите при покажување на отпор за користење на штетни супстанци, агресија, а поголема амбиција при здобивање со академски перформанси, додаде Јашари.

Во таа смисла Јашари ги поздравуви претстојните проектни активности на Државниот совет и убеден е дека истите ќе дадат дополнителен придонес во националните активности за унапредувањето на правата и детето и превенцијата на малолетничкото престапништво.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.