Нова размена на заробеници меѓу Украина и ДНР

Нова размена на воени заробеници меѓу украинската армија и милициите од Доњецка Народна Република (ДНР) ќе биде извршена во следните неколку дена.

Ова го најави вчера заменик шефот на кабинетот за бегалци и воени заробеници на ДНР Лилиа Родинова.

– Нова размена се очекува во следните неколку дена. Моментално двете страни подготвуваат списоци со лица, кои ќе бидат разменети, изјави Родинова.

Размената на заробеници е една од клучните одредби од договорот постигнат на состанок на Контакт групата за Украина во Минск на 5 септември. Од тогаш досега се извршени пет размени.