Нова реформа во здравство: 24 – часовен сервис за докторски совети

Проектот „Ало докторе“ е еден од најавените 79 проекти во програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ и според него до крајот на 2015 година треба да се формира повикувачки центар за советодавни услуги и упатства за граѓаните. Имено, центарот ќе биде ставен на услуга на пациентите кои немаат потреба од итен третман, во случаи на настинки, покачена температура, главоболки и слично.

Највениот проект предвидува вработување на најмалку 10 доктори  и медицински сестри што ќе им помагаат на пациентите со совети без да одат во здравствена установа. Сервисот ќе биде достапен 24 часа секој ден.