Нова скандалозна изјава на Заев: За нас како опозиција поголем политички непријател се медиумите

Нова скандалозна изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев. На итната пресконференција на „Бихаќка“ Заев денес прозва дел од медиумите, кои како што рече, според СДСМ и според него се поголем политички непријател за опозицијата.

Во моментов став на СДСМ и мој личен став е дека поголем политички непријател за нас како опозиција се медиумите како што се Сител, Канал 5, Алфа, Дневник и Македонската Радио Телевизија. Вие не сте наши политички непријатели, вие сте медиуми кои што меѓу другото се финансирате и дел од пари на граѓаните.Тоа се и мои пари и ваши пари и на опозиционери и на поддржувачи на власта. Се бориме за независни медиуми. Секоја меѓународна пракса која што може да најде примена во Македонија, а ќе биде во функција на независни медиуми за нас е прифатлива.

По се изгледа продолжува праксата на СДСМ и на Заев да ги делат медиумите на подобни и на неподобни, односно на професионални и непрофесионални, како што тоа го правеше и во изминатиот период кога ги објавуваше незаконски снимки или т.н. бомби на пресконференциите.

Изјавата на Заев и прозивката на „непријателските“ медиуми доаѓа во време кога работните групи за спроведување на Договорот од Пржино ги договараат измените на Законот за медиуми, со посредство на Питер Ванхауте, а каде меѓу другото се разговара и за начинот на финансирање на медиумите и за распределба на средствата за владини кампањи.

Ванхауте излезе со неколку конкретни предлози во однос на ова прашање, а претходно, во рамки на разговорите СДСМ предложувше строго партиски решенија за Агенцијата за медиумите и за МРТ. Бараше да постави свои директори кои ќе имаат право да затвораат медиуми, а за непослушните телевизии и весници, СДСМ ќе дава оценка дали известуваат неетички и необјективно и ќе следуваат казни и до 50 илјади евра.

Како СДСМ ги корумпира медиумите?

Една од забелешките на опозицијата во минатиот период во однос на состојбата со медиумите во државата беше насочена токму кон владините реклами и промоцијата на проектите на владата. Ако според СДСМ преку промоцијата на проектите се корумпираат медиумите, тогаш што може да се каже за рекламите на општините кои се под власт на СДСМ, а што се застапени речиси на сите проопозициски портали?

Во јули годинава во рамки на дебатата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) тогашниот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски соопшти дека Владата на Република Македонија, како гест на добра волја, донела одлука времено да се воспостави мораториум на сите комерцијални промоции.

Претходно…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.