Нова скандалозна изјава на Заев: За нас како опозиција поголем политички непријател се медиумите

Претходно, опозиционерите тврдеа дека медиумите што според нив се провладини инкасираат милионски суми евра, пари од граѓаните, за ширење владина пропаганда. Според опозиционерите, Владата ги корумпирала медиумите токму преку скапите реклами.

Во изминативе четири месеци, по одлуката за мораториум, владата престана да ги рекламира сопствените проекти, но тоа неможе да се каже и за општините каде што опозицијата е на власт.

На информативните портали, кои важат за главни поддржувачи на политиките на опозицијата не престанаа да се објавуваат реклами на трите поголеми општини, Центар, Струмица, Куманово, каде локалната власт е предводена од опозицијата.

nova

Оттука, ако се водиме според нивната логика, само по себе се наметнува прашањето: Дали ова е начинот на кој СДСМ и нивните партнери во коалицијата ги корумпираат медиумите?

libertas

Значи дали кога се работи за реклами на владата тогаш станува збор за корупција, влијанија и цензура во медиумите, а кога тоа го прави опозицијата тогаш е сосема оправдано и обичен маркетинг?!
kanal77

Реклама за детската градинка „Кочо Рацин“, што неодамна беше реконструирана од страна на Општина Центар имаше речиси на сите про – опозициски портали и медиуми. Како што може да се забележи на фотографиите, ваква реклама има на НОВА ТВ, Плус Инфо, А1 Он, Либертас, 24 вести, Фокус, Народен Глас, Центар Њуз итн.

Одговор на овие прашања побаравме и од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, но тогаш ни беше кажано дека тој е на пат и дека нема да биде во можност да одговори до вторник.

Стапивме во контакт и со општина Струмица и општина Куманово, но досега не сме добиле одговор на поставените прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.