(ВИДЕО) Нова скопска атракција: Прошетка со електромобил за 50 денари

Центарот на метрополата од денеска ќе може да се разгледува со пет електромобили, проект   што треба да ја зголеми туристичката понуда во градов. Воедно, Градот преку ЈП „Градски паркинг“ набави и 10 електровелосипеди, кои граѓаните ќе можат да ги изнајмуваат од  пунктот на плоштадот „Македонија“.

Билетот за туристикото разгледување со електомобилот, за што има утврдена рута, чини 50 денари. Возилата ќе имаат обучен возач, вработен во „Градски паркинг“, кој во исто време ќе биде и туристички водич. Додека, изнајмувањето електровелосипед за еден час чини 100 денари.

Електомобилите и електовелосипедите прв ги сефтоса  градоначалникот Коце Трајановски.

„’ЈП Градски паркинг’ купи пет електомобили,  во вреднист 3,5 милони денари со ДДВ и 10 електорвелосипеди што чинат  500.000 денари со ДДВ и тие ќе бидат на располагање на граѓаните. машрутата ќе трае околу 20 минути, ќе се почнува од плоштадот „Македонија“ , сувернирницата на министерството на култуа, по улица  Македонија до спомен куќата на Мајка Тереза. Потоа кон порта Македонија,   мостот „Око“ кон плоштадот  „Филип Втори Македонски“  и  црквата Св. Димитрија и назад кон плоштадот ’Македонија’“, истакна Трајановски.

Електровелосипедите ќе може да ги изнајмуваат само лица повозрасни од 22 години. Тие засега ќе се земаат и ќе се враќаат само на пунктот што е поставен на градскиот плоштад.
Апаратот за полнење на акумулаторите со струја е во рамките на катната гаража „Свети Kирил и Методиј“, каде што ќе се чуваат електомобилите.

Скопје во 2010 година стана дел од проектот енергетски свесни градови, и во таа насока развојот на градот треба да го насочува преку подгнување на јавната свест за користење обновливи извори на енергија, водите и биолошкото богатство.