сабота, 24 јуни 2017  |  Вести денес: 37

Нова соработка во амбициите на Google за развој на самовозни автомобили

Повеќето големи производители на атомобили и неколку други технолошки компании ги зајакнаа своите напори последните години кога станува збор за автономно управуваните возила

lead large

Поврзани вести

Одделот на „Alphabet“ за развој на самовозни автомобили „Waymo“ постигнал договор со компанијата за посредување и услуги во транспортот „Lyft“ за тестирање на самовозна технлогија, потврдија двет компании.

Компанијата „Waymo“, која е филијала на „Alphabet“, кровната компанија на „Google“, и американската компанија „Lyft“ сакаат да ги здружат силите против компанијата за посредување при транспортот на патници „Uber“, којашто настојува самостојно да развива самовозни автомобили.

„Се радуваме на соработката со ’Lyft’ во истражувањето на новите производи и услуги поврзани со самоуправуваните автомобили, кои нашите патишта ќе ги направат побезбедни, а превозот попристапен. Визијата и обврската на ’Lyft’ е унапредување на начинот на којшто самоодната технологија на ’Waumo’ во големите градови ќе стане достапна за поголем број луѓе во повеќе места“, изјавил за агенцијата AFP портпаролот на „Waymo“.

Портпаролката на „Lyft“ за весникот The New York Times, кој ја откри приказната за договорот, го потврдила партнерството. „Waymo во моментот ја поседува најдобрата самовозна технологија и соработката со нив ќе ја забрза нашата заедничка визија за унапредување на живеењето со најдобриот светски систем на превоз“, се наведува во изјавата на „Lyft“.

Инаку, „Waymo“ и „Uber“ во моментов се во правен спор. Имено, „Waymo“ во февруари поднесе тужба во којашто тврди дека поранешниот нејзин менаџер, Ентони Левандовски, украл доверливи информации при напуштањето на команијата, и потоа учествувал во претприемачки потфат од кој настанала компанијата за автономни возила „Otto“, којашто „Uber“ минатата година ја купи за 700 милиони американски долари.

Во тужбата се наведува дека Левандовски „оттуѓил повеќе од 14.000 високо доверливи и сопственички датотеки“ во периодот додека бил вработен во „Google“. „Веруваме дека тие дејствија биле дел од заеднички план за кражба на деловни тајни и интелектуална сопственост“, порачаа тогаш од „Waymo“.

Повеќето големи производители на атомобили и неколку други технолошки компании ги зајакнаа своите напори последните години кога станува збор за автономно управуваните возила, тврдејќи дека овие системи ќе елиминираат големо мнозинство од сообраќајните несреќи.

Технолошкиот гигант „Apple“ е најновата компанија којашто доби дозвола за тестирање на самовозните возила во Калифорнија. Германскиот производител на луксузни возила „Daimler“ и производител автомобилска опрема „Bosch“ претходно во мај го објави плановите за заедничките напори во развојот на автономните автомобили во следните години. Американскиот производител на електричните автомобили „Tesla“, исто така, ги зајакна своите амбиции, а истото го сторија и неколку технолошки компании во Кина, и најголемите американски, азиски и европски производители на автомобили.

Најчитани вести