Нова спортска сала во општина Врапчиште

Нова спортска сала во општина Врапчиште
Нова спортска сала во општина Врапчиште

Во основното училиште „Мехмет Дерала“, во селото Градец, општина Врапчиште денес започна изграбата на новата спортска сала.

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми истакна дека овој проект ќе се реализира во рок од шест месеци и е во износ од 34 милиони денари.

Проектот за изградба на оваа сала е изработен во согласност со стандардите за ваков вид на спортските сали, каде што освен простории за спортски активности исто така ќе има и трибина, простор под трибина, санитарни јазли, гардероба и простории за други спортски активности, рече министерот.

Адеми истакна дека новата спортска сала ќе биде опремена со најсовремена опрема за спортување.

Министерот Адеми додаде дека инвестирањето  во образованието и понатаму останува приоритет на Владата на Република Македонија и има за цел да се создадат подобри инфраструктурни услови за зголемување на квалитетот за следење на воспитно образовниот процес.

Продолжуваме со нашите проекти кои ги имаме изработени во Министерството за образование и наука односно во Владата на Република Македонија. Сакам да истакнам дека во моментов во тек е реконструкција на седум училишни објекти, а во текот на овој и следниот месец  ќе започнеме со реконструкција и на 30 други училишни објекти на целата територија на нашата земја. Исто така освен спортската сала во с. Градец се градат уште осум други сали во Липково, Речица, Желино во средното економско училиште во Тетово и други места, рече во својот говор министерот Адеми.

Тој ги потенцираше  и инвестициите во високото образование.

Прв пат оваа година со средствата обезбедени од буџетот, освен Државниот универзитет во Тетово се финансира и Универзитетот на Југо-источна Европа и Факултетот за исламски науки во Скопје“, истакна Абдилаќим Адеми.

Заменик претседателот на Владата Муса Џафери истакна дека изградбата на спортската сала е доказ дека Владата на Република Македонија продолжува со реализација на проекти од различни области, кој има за цел да се создадат подобри услови за граѓаните.

Џафери истакна дека ДУИ како дел од Владата ги реализира ветувањата дадени пред електоратот и целосно ќе ја  реализираме заедничката владина програма.

На настанот, кој беше организиран по повод 14 – годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, присуствуваа заменик претседателот на Владата Фатмир Бесими, министерот за правда Аднан Јашари, министерот за животна средина и просторно планирање  Нурхан Изаири, градоначалникот на општина Врапчиште, Бајрам Кадрија, пратеници, директори и други функционери од локалната и централната власт.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.