Нова средба меѓу МОН и Универзитетскиот сенат

Предлогот на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, доставен до Министерството за образование и наука на 30 јануари оваа година, со цел да се иницира расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, заради сеопфатна, стручна и темелна анализа од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование, МОН го оцени како конструктивно.

Имајќи во предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како конструктивен и во насока на унапредување на високото образование во земјата, Министерството за образование и наука на ден 10.2.2015 година предлага да се одржи иницијална средба на којашто би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Во зависност од одлуката на УКИМ за прифаќање на оваа иницијатива и согласно можностите на двете страни, локацијата и временскиот термин ќе бидат дополнително прецизирани, за што јавноста ќе биде навремено информирана.