четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Нова средба на партиските претставници со Ванхауте

sredba

Последни вести

Нова средба на работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте треба да се одржи денеска попладне во Клубот на пратениците.

На средбата ќе се разговара за медиумите и за методологиите за прочистување на избирачкиот список.

Посредникот Ванхауте по завршувањето на разговорите вчера изјави дека на маса биле предлози на ВМРО-ДПМНЕ и оти заради партиски консултации за нив, нова средба ќе се одржи денеска во 17:30 часот.

Пред почетокот на средбата вчера белгискиот посредник изјави дека има нови предлози за медиумите и за прочистување на Избирачкиот список од ВМРО-ДПМНЕ како одговор на претходни предлози на СДСМ.

На средбата присуствуваа претставнции на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и меѓународни претставници.

Најчитани вести