петок, 23 декември 2016  |  Вести денес: 56

Нова станбена зграда во Општина Илинден

nova zgrada vo Opstina Ilinden

Последни вести

Како резултат на овозможувањето поволни услови за колективно и индивидуално домување, во Општина Илинден почна да се гради нова станбена зграда.

Камен темелникот на новиот станбен објект што ќе се простира на површина од 2.000 метри квадратни го постави градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски. Инаку, како што информираат од општината, новата зграда ќе располага со 28 станови, а според инвеститорот „Унија клуб“, вкупната инвестиција изнесува 900.000 евра.

Интересот за новите станови што треба да бидат готови до крајот на годината, е голем, што е уште една потврда дека Општина Илинден станува се попривлечна не само за бизнисмените како погодна општина за инвестирање, туку и како се попосакувано место за живеење.

Во таа насока, во функција на локалниот економски развој, со носењето на урбанистичките планови за Илинден, Марино и Кадино се овозможија нови 2.000 неизградени градежни парцели за индивидуално домување во семејни куќи. Ова се вклопува во концептот на Општина Илинден за ефтини градби за жителите кои што сакаат да изградат сопствени домови.

 

Најчитани вести