Нова странска инвестиција: „Чагатај Кабло“ ќе вработи 200 луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска го најави отпочнувањето на градење на новата инвестиција во месец јули во Македонија, станува збор за турската компанија Чагатај Кабло за производство на кабли и електрични инсталации за автомобили, која ќе вработи 200 луѓе.

-Станува збор за инвестиција која ќе се простира на 6 илјади и 700 метри квадратни, а истата компанија во Турнија има фабрика од 14 илјади метри квадратни, а сега во во Македонија ќе започне градба од 6.700 метри квадратни. Ќе инвестира шест милиони евра и ќе вработи 200 луѓе во прва фаза. Ова е првата фаза од инвестирање а тие веќе размислуваат и за втора фаза потенцираше Груевски.

Тој истакна и дека тие се фокусирани на автомобилската индустрија и ќе произведуваат кабли и други електрични инсталации кои што се дел од автомобилската индустрија, индустријата за производство на автобуси, како и возила во градежниот сектор и механизација.

-Најголем добавувач ќе им биде белгиската компанија Ван Хол, која што ја привлековме од Белгија да додје во Македонија и да отвори фабрика, така да сега самата компанија е магнет за други компании како што е Чагатај Кабло која што почнува со градба за еден ипол месец од сега, рече Груевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.