Нова странска инвестиција од автомобилската индустрија

Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески за „Лидер“ најавува дека во септември реномирана германска компанија од автомобилската индустрија ќе објави конечна одлука за инвестирање во земјава.

„Јас настојувам таа инвестиција да биде во град кој до сега не видел таква инвестиција со цел да се искористи структурата на невработеност во тој град и да не се пренатрупаат вакви инвестиции во скопскиот регион а и да се развијат другите региони во земјава“, објаснува министерот Павлески за Лидер.

Неофицијално, се преговара инвестицијата да биде во прилепскиот регион каде нема фабрики од автомобислкиот сектор.

„Би сакале самата компанија да ја објави одлуката, она што е важно е дека станува збор за компанија добавувач на една од големите автомобилските компании а целта е да имаат образован кадар кој може да соработува со локалните универзитети и затоа сметаме дека потенцијалниот град ги исполнува овие услови, а поради структурата на невработеност таму, ваквата инвестиција е добредојдена“, додава Павлески.