Нова стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци

инфраструктура

Презентацијата на новата стратегија е најавена за јануари следната година. Треба да овозможи натамошно усогласување со европската INSPIRE директива, со што национални просторни податоци од различни области ќе се стандардизираат со европските. Со тоа ќе се овозможи размена на податоците и нивна поголема достапност за граѓаните, институциите и приватниот сектор.

Содржината на стратегијата се финализира денеска на работилница, во организација на македонскиот Катастар, со учество на експерти од  Холандија,  претставници од 18 државни институции и од стопанските комори во државава.

Паола Кјарсон, регионален менаџер на Холандскиот катастар, информира дека презентираат примери за користењето на просторните податоци во Холандија.

Граѓаните, посочи Кјрасон, бараат сигурни податоци, а особено во кризни состојби. Сакаме да ги инспирираме корисниците и да им ги покажеме можностите од користењето на геопорталот.

– Многу од прашањата  кои беа поставени во претходната стратегија се остварени. Потребна е нова стратегија која ќе биде во согласност со законодавството и да поставиме нови цели за натамошен развој на националните инфраструктурни податоци, изјави Кјарсон.

Досегашната Стратегија што македонскиот Катастар ја подготви во 2010 година исто така со помош на Холандскиот катастар беше усвоена од Владата во 2012 година. Врз основа на неа во 2014 година беше донесен Закон за  национална инфраструктура на податоци, беа формирани сите тела на националната инфраструктура на податоци, а минатата година е ставен  во функција Националниот геопортал. Со тоа,  според директорот на Катастарот Славче Трпески, Македонија  е во чекор со европските држави во примената на INSPIRE  директивата.

– Стратешкиот план што беше помогнат од Кралството Холандија беше исполнет 95 проценти. Есенва беше потпишан договор со  холандскиот катастар со кој ни се овозможува да направиме нова абдејтирана стратегија  на Агенцијата за катастар на недвижности, на 18 државни институции и на двете  комори, којашто ќе го трасира патот за исполнување на INSPIRE  директивата, изјави Трпевски.