петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 8

Продолжува хаосот во МВР, нова телеграма од Спасовски

Нова телеграма на Спасовски, продолжува хаосот во МВР. Технички назначениот министер Оливер Спасовски продолжува да креира конфузија и да го разнебитува безбедносниот систем.

spasovski-oliver-2

Поврзани вести

Нова телеграма на Спасовски, продолжува хаосот во МВР. Технички назначениот министер Оливер Спасовски продолжува да креира конфузија и да го разнебитува безбедносниот систем.

Неполни 24 часа по донесување на првата одлука со која ги одзеде овластувањата од сите вработени во министерството, новиот министер од редовите на СДСМ, донесе нова одлука со која и практично си ја поништи претходната за која СДСМ објаснуваше дека била техничка, пренесува „Курир“.

Во денешната телеграма, Спасовски ги информира вработените дека веќе практично не важи претходната Телеграмата бр.13.1-60 од 12.11.2015 година со која престануваат да важат овластувањата од министрите за внатрешни работи кои раководеле со Министерството за внатрешни работи до денот на донесување на наведената Одлука за избор на членови на Владата.

Со новата Телеграма, технички назначениот министер Оливер Спасовски ретерира и вели дека претходната се однесувала на сите пренесени овластувања, ОСВЕН ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЈА, ДРУГИ УПРАВНИ АКТИ И ДОКУМЕНТИ ВО УПРАВНИ РАБОТИ, ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА ПРИЕМ И ЗАВЕДУВАЊЕ НА АКТИТЕ ВО ДЕЛОВНИК И УПИСНИК И ОВЛАСТУВАЊАТА ЗА РАКУВАЊЕ СО ПЕЧАТИ И ШТЕМБИЛИ, кои ќе важат до донесување на нови решенија за пренесување на предметните овластувања.

vtora-telegrama-spasovski

Поискусните вработени во МВР велат ваков хаос не се случил во историјата на независна Република Македонија.

Во два дена се носат две различни решенија од ист министер. Вработените во МВР тоа го толкуваат со неискуството и непрофесионализмот на новиот министер, како и обидот да се истакне пред своите партиски лидери со партизација на институцијата.

Како што може да се забележи и новата телеграма како и старата спротивно на законот не е потпишана од  дополнителниот заменик министер.

Повеќе за ова на следниот линк.

Најчитани вести