Нова теорија: Исчезнатиот авион можеби е во Русија, Иран, Јапонија или Австралија?

Резервите од гориво на бордот на исчезнатиот малезиски авион би биле доволни за тој да стигне до Русија, Иран, Јапонија или Австралија, соопштува весникот „Вашингтон Пост“.

Изданието на нивниот сајт објави мапа на која е прикажано колкаво растојание може да помине авион со такви резерви на гориво.

Според податоците на претставници на авиокомпанијата, преостанатото гориво би било доволно за повеќе од седемчасовен лет.

Според оваа теорија, ако авионот го сменил курсот и останал во воздухот до целосното трошење на горивото, тој може да достигне до одредени региони на Русија, Ирак, Јемен, Саудиска Арабија и голем број други земји.