Нова тепачка меѓу Русите и Англичаните (ВИДЕО)

Нова жестока тепачка меѓу Русите и Англичаните
Нова жестока тепачка меѓу Русите и Англичаните
Хулиганските пресметки од Марсеј, денеска се пресликаа и во северниот дел на Франција, во Лил, каде што повторно имаше судир на руски и англиски навивачи. 

Според француските медиуми, навивачите на Англија и Велс се сретнале на плоштад во Лил, по што тргнале во пресметка со Русите, во која летале и столици од локалните кафулиња.

Селекцијата на Русија во Лил треба да игра против Словачка, па навивачите се преселија во тој град.

Англичаните пееја навредливи песни за Русија, по што следеше и физичка пресметка. Британската „Скај Спорт“, објави дека полицијата уапсила двајца руски навивачи.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.