Нова трага: Жена го видела исчезнатиот малезиски авион како гори

Во Австралија продолжила истрагата по малезискиот авион по изјавата на жена која вели дека го видела авионот кој бил во пламен.

Австралиското биро за безбедност при транспорт кое води истрага по барање на малезиската Влада ги проверува зборовите на жената која работи на една јахта и која оваа недела изјавила дека го видела исчезнатиот авион како гори.

Од друга страна тимот австралиски истражувачи го истражува подводниот необичен сигнал снимен во време кога авионот исчезна, иако водечкиот научник признава дека шансите да станува збор за исчезнатиот авион се тенки.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.