Нова трагедија: 26 бегалци се удавија кај Самос

Најмалку 26 бегалци, од кои 10 мажи, шест жени и 10 деца, се удавиле при превртувањето на дрвен чамец кое се случи вчера, северно од грчкиот остров Самос.

Според еден бегалец кој бил пронајден жив на една од плажите на Самос, на чамецот имало меѓу 40 и 50 луѓе, а до синоќа спасени се само деветмина.

Патролни чамци на грчката крајбрежна стража, два брода на Фронтекс, воен хеликоптер и еден воен брод се уште ја пребаруваат областа во потрага по преживеани.