Нова тура професори „бунтовници“ – со нула научни трудови

Се проширува низата на професори блиски до опозицијата и СОРОС кои земаат висока професорска плата, а имаат објавено нула научни трудови.

Љубомир Фрчковски, Ана Павловска Данева, Борче Давитковски, Гордан Калајџиев очигледно се само дел од најгласните професори на студентните протести против државниот испит, но истовремено и професори кои немаат објавени научни трудови, според евиденцијата за објавени трудови со импакт фактор објавени на Web of science.

На нивната листа се приклучуваат уште голем број на професори, најгласни во протестите чија тематика не ги засега и најнеуспешни во она што за нив е работна должност. Најактивни за политика, а нула научни трудови.

Здравко Савевски е член на Солидарност, дежурен „експерт“ за се и сешто, штрајкувач за секоја тема, со секоја група. Но, тој пред се’ е поранешен професор на ФОН со нула објавени научни трудови, пишува „Курир“.

Професор Тодор Ношпал исто така не е потпишан на ниту еден научен труд со импакт фактор. Но, најде време да се потпише на отвореното писмо до Владата, со кое треба да се спречи реформа која ќе го зголеми квалитетот на високото образование.

Нула научни трудови има објавено и Горан Зенделовски,  доцент на Филозофскиот факултет. Можеби токму затоа и овој човек јавно побара од македонските пратеници да не гласаат за предлог-закони за измени и дополнувања на законите вообласта на високото образование.

И неговиот колега  Сергеј Цветковски од Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир не потрошил ни минута од својата кариера да напише и објави барем еден научен труд со импакт фактор.

Ова е само потврда на досега објавуваните информации дека професорите се борат против новите законски измени кои можат да го нарушат нивниот личен комодитет, односно да не се открие нивниот евентуален неквалитет, бидејќи полагањето на државниот испит воопшто нив не ги задира.

Во изминатите неколку години од 6.000 македонски професори во меѓународно реформирани списанија се објавени само 4.000 трудови. Споредбено во истиот период во Словенија професорите објавиле 50.000 трудови или 12 пати повеќе од македонските.

Токму поради ваквите бројки, новите законски измени имаат за цел да го подигнат нивото на високото образование во земјата, критериумите во истото, а трудовите на професорите треба да покажат дека се конкурентни на европско и светско ниво, нешто што веќе како практика се користи во многу европски развиени земји.

На оваа тема говореше и премиерот Никола Груевски кој истакна дека од 2018 согласно измените на законот ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од Web of science.