Спорт

Нова убедлива победа за Оклахома

Нова убедлива победа за Оклахома

Најуспешниот тим во Западната конференција, Оклахома сити забележа убедлива победа над Филаделфија со 125:92. Предводници до триумфот беа првите играчи Кевин Дурант, кој за три четвртини постигна 42 поена, додека Расел Вестбрук имаше „трипл-дабл“ (13 поени, 10 скокови и 14 асистенции) втор сезонава за само 20 минути.

Резултати: Кливленд – Сан Антонио 101:122, Индијана – Голден Стејт 96:98, Хјустон – Мајами106:103, Оклахома Сити – Филаделфија 125:92, Феникс – ЛА Клиперс 96:104 и ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 125:132.
Вечерва се играат натпреварите: Шарлот – Индијана, Орландо – Хјустон, Вашингтон – Јута, Бостон – Голден Стејт, Бруклин – Мемфис, Детроит – Чикаго, Милвоки – Сакраменто, Минесота – Њујорк, Денвер – Далас и Портланд – Атланта.
Пласман Источна конференција: Индијана 46-14 (победи-порази), Мајами 43-15, Торонто 33-26, Чикаго 33-27, Вашингтон 31-29, Бруклин 29-29, Шарлот 27-33, Атланта 26-32,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 46-15, Сан Антонио 44-16, Хјустон 41-19, Портланд 41-19, ЛА Клиперс 42-20, Голден Стејт 37-24, Далас 36-25, Феникс 35-25,