Нова услуга на Македонски Телеком MaxTV GO

Македонски Телеком воведе нова услуга MaxTV GO со која на своите Magenta 1 корисници им овозможува да ја гледаат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV од кој било уред, каде и да се.

Со новата услуга, сите љубители на спортот ќе можат да ги следат напреварите на Европското првенство преку смартфон и таблет со MaxTV GO мобилната апликација (достапна на Google Play Store и Apple Store),или пак преку компјутер на www.maxtvgo.mk.

MaxTV GO нуди богата ТВ содржина, односно до 60 национални и странски тв канали, како и ексклузивните Арена спортски канали во висока резолуција (HD). Дополнително, новата услуга ги вклучува сите напредни функционалности на интерактивна телевизија како што се паузирање, премотување и враќање на програмата на почеток за одредени тв канали, потоа преглед на содржини од последните 3 дена за одредени тв канали, електронски програмски води, како и потсетници за омилените содржини.

Услугата MaxTV GO е наменета само за корисниците на Magenta 1 и Magenta 1 Business. Во промотивниот период до 01.09.2016 годинаMaxTV GO е достапна бесплатно, со сите напредни функционалности и со вклучен сообраќај од 10 GB за следење MaxTV преку смартфон.

Повеќе информации за MaxTV GO услугата може да се добијат на веб страницата на Македонски Телеком.