среда, 30 ноември 2016  |  Вести денес: 47

Нова веб страна за правата на работниците

Нова синдикална веб страница www.rabotnickiprava.mk е пуштена во употреба во рамки на одбележувањето на Светскиот ден за пристојна работа -  7 Октомври.

133376785

Поврзани вести

Целта е да се овозможи полесен пристап до информации за работничките права. Има намена да ги едуцира и информира работниците, со цел да бидат подобро запознаени со своите права, како брзо да реагираат и да се заштитат.

Веб-страницата е заедничка активност на сите синдикални организации во Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија, на сите нивни членови и за сите оние кои имаат потреба од заштита. Финансирана  е од Европската Унија преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, а е реализирана од Меѓународната организација на трудот – МОТ.  Со ова официјално започнува и медиумската кампања наменета за подобра заштита на правата на работниците, и со цел обезбедување поголема нивна благосостојба.

Страницата е поделена во неколку категории со цел корисниците лесно и брзо да може да се снајдат. Дискриминација, мобинг, колективно договарање, право на одмор, плата – се само дел од темите кои се поставени на насловната страница. За истакнување е делот за често поставувани прашања, каде работниците може да се информираат од туѓите искуства и да се охрабрат да ги постават своите прашања со цел да решат некакви проблеми.

Веб-страницата www.rabotni;kiprava.mk се промовира на Светскиот ден на пристојна работа, кој традиционално секоја година се одбележува на 7 октомври насекаде низ светот. Целта е работниците да добијат гаранција за своите права, сигурност, подобра плата и подобри услови за работа, што севкупно ќе придонесе подостоинствен работен век секому.

Најчитани вести