Нова водоводна мрежа на улица Сердарот во Драчево

Нова водоводна мрежа на улица Сердарот во Драчево
Нова водоводна мрежа на улица Сердарот во Драчево
Новата водоводна мрежа на ул. Сердарот во населбата Драчево, во Општина Кисела Вода, која беше дел од барањата на граѓаните при посетата на премиерот Никола Груевски веќе е завршена и во моментот се изведуваат последните приклучоци.

– Се работи за изведба на нова водоводна мрежа што се работеше во три фази. Во првата фаза беа изведени 464 метри, во втората фаза 361 метри и во последната фаза беа изведени 320 метри. Водоводната мрежа е со профил на цевки од 110 и 90 милиметри, рече директор на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов.

По барање на граѓаните третата фаза ќе биде продолжена за уште околу 200 метри и истата ќе изнесува 520 метри, со што ЈП Водовод и канализација – Скопје реши да излезе во пресрет на оваа молба на жителите во населбата Драчево.

– Се заокружува еден проект кој е од голема важност за жителите на селото Драчево. Изградбата на трета фаза од проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Сердарот“ ќе стави крај на проблемите кои само до пред неколку години ги имаше локалното население. На ова место постоеше дотраена водоводна мрежа, изградена по земјотресот од страна на жителите, што резултираше со слаб притисок и недоволна количина на вода, истакна Донев.

Со реализација на мрежата и прикучоците од мрежата до водомерните шахти, водоснабдување ќе имаат 620 жители, чии домови гравитираат кон изведената улична водоводна мрежа. Водоводната мрежа е со вкупна должина од 1345 метри и истата чини околу 21 милиони денари.