Нова вонредна средба на министрите на ЕУ за бегалската криза

Нова вонредна средба на министрите на ЕУ за бегалската криза
Нова вонредна средба на министрите на ЕУ за бегалската криза

Земјите-членкки на ЕУ во текот на следната недела ќе се обидат да ги надмината големите разлики во врска со планот на Европската комисија за надминување на бегалската криза, пишува МИА.

Министрите за правда и за внатрешни работи на земјите-членки не ЕУ ќе одржат состанок во вторник во Брисел, што ќе биде втора нивна вонредна средба во последниве седум дена, со цел уште еднаш да го разгледаат планот на Еврокомисијата за распределба според задолжителни квоти меѓу државите од Унијата на околу 120.000 мигранти, кои во моментов во најголемиот број се наоѓаат во Грција, Италија и Унгарија.

Во понеделникот министрите не постигнаа договор за поддршка на првичниот план на Еврокомисијата, а не ја прифатија ни новата верзија според која приемот на бегалците би бил на доброволна основа од страна на земјите-членки.

Повеќето држави не го поддржуваат планот за задолжителни квоти за бегалциhrvatska

Германија и Франција се главни поддржувачи на планот на Еврокомисијата, повеќето држави од централна и источна Европа остор се спротивставија на задолжителните квоти, додека трети, како Унгарија, воопшто не ни сакаат да учествуваат во распределбата на имигрантите.

Втор спорен момент во планот е предлогот за санкционирање на државите што ќе одбијат да ја прифата утврдената квота на имигранти, откако Германија предложи на овие земји да им се ускрати исплатата на помош од еврофоновите.

Во услови на засилен бегалски бран се повеќе земји-членки на ЕУ воведоа контроли на своите граници, со што времено го суспендираа слободното движење на луѓе и стоки, регулирано со Шенгенскиот договор.

Од друфа страна дојде и до препукување меѓу Хрватска, Словенија, Австрија и Унгарија, кои меѓусебно се обвинуваат дека „ги извезуваат“ бегалците од Блискиот Исток во соседните државаи.

Доколу министрите ни во вторник не постигнат договор, за планот во среда ќе расправаат шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, на вонреден Самит што го закажа претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Шенген зоната под знак прашањеsengen1

Аналитичарите во Брисел проценуваат дека доколку земјите-членки не успеат да изградат заедничка политика и стратегија кон бегалската криза, ќе се доведе во прашање функционирањето на Шенген зоната, но можеби и на целиот европски проект.

Во пресрет на министерската средба во вторник, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер во интервју за неделникот „Шпигел“ изјави дека Европската унија неможе бесконечно да прима бегалци, туку дека треба да прифати само ограничен број од нив, а останатите да ги испрати во некоја безбедна земја во опкружувањето од кое потекнуваат.

 Не можеме да ги прифатиме сите оние што бегаат од зоните на конфликт или од сиромаштијата и кои сакаат да дојдат во Европа или во Германија – изјави Мезиер во интервјуто.

Според него, ЕУ не треба да се расфрла со релативно великодушни квоти за прием на имигрантите, туку треба да создаде „правни средства за имиграцијата“, со што ќе го ограничи бројот на оние бегалци кои би останеле во европските земји.

По исполнувањето на тој лимит, остатантите (имигранити) траба да ги испратиме во регионот од кои потекнуваат, на места каде ќе можат да живеат безбедно и каде нема да бидат прогонувани – истакна Мезиер, додавајќи дека ЕУ финансиски би ги поддржала земјите кои ќе примат бегалци.

Мезиер предлага и заострување на прописите поврзани со азилот и враќање на бегалците во првата земја-членка на ЕУ во која влегле.