Магазин

Нова врска за Овенот, предизвици за Близнаците, Јарците да не остануваат сами

Нова врска за Овенот, предизвици за Близнаците, Јарците да не остануваат сами

ОВЕН

Денес се буди вашиот апетит за животот и љубовта и сте на прагот да формирате нови и необични врски. Секако, и други видови шанси ќе се појават, што ќе ве живне, подмлади и ќе ви ги наполни духовните резерви. Појавување на нови амбиции кои ќе ве придвижат напред. Радост.

БИК

Вознемирувачки вести кои ќе ја нагласат вашата осаменост или ќе ви го скршат срцето. Можно соочување со некој кој ќе ве повреди директно или индиректно со кажување на нетактични и болни зборови. Некој маж ве следи и сака да ви ги блокира плановите – но нема!

БЛИЗНАЦИ

Денес би можеле да се соочите со интензивна битка која е мотивирана само од потребата за натпреварување. Сѐ се чини хаотично поради ситни несогласувања, кавги и компликации. Вжештена дебата која ќе го извади најдоброто од учесниците. Предизвици и игри.

РАК

Успехот и задоволството не се денес на вашето мени, но запаметете дека најтемно е пред да зазори. Се соочувате со стагнација и растурање на својата енергија во повеќе правци – сепак, не грижете се, ова е само моментална ситуација. Не се форсирајте, ниту расправајте со блиските

ЛАВ

Имате чувство дека сте заглавени и тоа ви прави немир, но препреките не се несовладливи – ќе ги решите наскоро, ако работите посветено, упорно и самоуверено. Знаете дека пред вас стојат големи промени, затоа причекајте само уште малку и сѐ ќе биде во ред. Нов ангажман.

ДЕВИЦА

Денес се соочувате со неочекувана средба, која е спонтана и разиграна – размислувате за љубовта, духовноста и важноста на личните врски во бизнисот и материјалните работи. Некои од вас ќе добијат вести за зачнување на дете или нов креативен проект. Детска невиност.

ВАГА

Сѐ околу вас е во движење и се менува, но на крај ќе се соочите со резултати кои ќе ги надминат вашите очекувања. Можеби не се чувствувате доволно сигурно во себе, но самодовербата ќе ви се врати со нови перспективи. Сега околностите се менуваат кон подобро.

СКОРПИЈА

Сега кога среќата е на ваша страна и напредувате во кариерата, помислете на пријателите. Немојте да сте фриволни, туку ако сакате вашите врски да опстанат подолго време, обидете се да ги поддржите со активен план. Не бидете растрошни и штедете. Бидете трпеливи.

СТРЕЛЕЦ

Денес е време за чекање и собирање на сила, многу скоро таа ќе ви треба. Не брзајте во ништо, почекајте два месеци, додека не се појави личноста која може да ви помогне. Работите на подобрување на финансиската состојба, а можна е средба со зрела машка личност.

 

ЈАРЕЦ

Сега е добро да работите во соработка со другите, не се препорачува да сте сам – внимавајте како зборувате, бидете тактични и избегнувајте сарказам. Обидете се да бидете повоздржани и скромни, а ако вашите желби се праведни и фер, тие на крај ќе се исполнат.

ВОДОЛИЈА

Вашите мечтаења и фантазии се реализираат во конкретна форма – размислувате за повеќе опции, а кои ќе доведат до конечен избор. Со бистар ум и внатрешна јаснотија ги разбивате илузиите и лажните цели. Цврсто втемелени во реалноста, не верувате во туѓите лаги.

РИБИ

Колку ќе вложите, толку ќе добиете – ова важи за вашето расположение, но и за сѐ останато. Не бидете неволни, несигурни и носталгични, денес сепак ќе се појават убави шанси да ви понудат добра понуда, а која ќе ви донесе неочекуван профит. Имате поддршка од некој.