Нова заложничка криза источнo од Париз

Во градот Венсен кој се наоѓа источно од Париз се злучува уште една заложничка криза, јавува AFP.

Засега се знае дека околу 13 часот биле пријавени истрели, а некои француски медиуми јавуваат дека напаќачот викал дека ќе ги држи заложниците додека неговите пријатели, браќата Саид и Шериф Куаши се под опсада во Дамартин ен Гол.

Вооружениот маж земал заложници од локална продавница а според првичните информации едно лице е рането.

Се верува дека напаѓачот е човекот кој пукаше врз полицајката Клариса Жан Филип во Монруж.