Нова збирка раскази и читална од проектот „Создади книга“ на ЕВН Македонија

ЕВН Македонија го промовираше второто издание раскази како дел од проектот „Создади книга“.

Во новата збирка раскази се објавени дела на познати имиња во македонската литература, но и на млади македонски автори. Читателската јавност ќе се сретне со книжевни креации на Владимир Мартиновски, Ермис Лафазановски, Лира Бојку, Симона Јованоска и Верче Карафилоска.

Промоцијата на новата збирка во исто време е и промоција на новата читална во основното училиште „Блаже Конески“ која се отвора во рамките на кампањата на ЕВН Македонија за поттикнување на читачките навики кај младата популација, во партнерство со асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

evnnn (1)

Во овој простор во иднина ќе се спроведуваат едукативни работилници во рамките на кои преку современи методи, книгата ќе се доближи до младата популација, тргнувајќи од индивидуалните потреби и капацитети на децата.

До крајот на март со донација на ЕВН, читални ќе бидат отворени и во Центарот за култура „Браќа Миладинoвци“ во Струга и во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола во соработка со Иницијативата за културен активизам и „Форум 16“.

evnnn (3)

Читалните се проектирани и реализирани според решенија на компанијата „Delight“ базирани на  долгогодишните истражувања на „Steelcase“ – светскиот лидер во областа на креирање современи училишни простори.

Во рамки на кампањата на ЕВН Македонија за поттикнување на читачките навики кај младата популација, распишан е и конкурс за најдобра првоаприлска маска инспирирана од лик од книга, со што ќе биде одбележан и 2-ри април, Светскиот ден на книгата за деца.За најдобрите и најкреативни учесници ЕВН обезбеди и награди.