Балкан

Новак Ѓоковиќ доби плац во етно селото „Монтенегро“

Новак Ѓоковиќ доби плац во етно селото „Монтенегро“

Сопствениците на етно село Монтенегро во селото Брезна, браќата Милоња и Радоња Благојевиќ одлучија на светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ да му подарат плац од 3000 метри квадратни кој се наоѓа меѓу кањонот Невидио и планината Војни и Дурмитор, пишуваат Вијести.

Плацот му го подаруваат во знак на благодарност, бидејќи не само што ја промовираше Црна Гора, туку по потекло е и Црногорец. Според нив, Ѓоковиќ со неговата свадба на Св.Стефан ја промовираше државата подобро од нивното Министерство за туризам во последните 10 години.

Местото било оддалечено 20 км од Јасеново Поле, место од каде што потекнува семејството на Ѓоковиќ.

„Пред пет години со брат ми подарувавме бесплатни плацеви на оние кои сакаат да направат викендички на село. Се направија неколку куќи, но поради економската криза тоа застана. Затоа сега одлучивме да подаруваме плацеви на познати личности кои сакаат да ја промовираат Црна Гора,“ објаснува Милоња Благојевиќ.

Сопствениците на етно селото се познати по организација на невообичаени манифестации како натпревар во лежење, призводство на единствени сувенири како што се „шишенца со црногорски воздух“. Имале и градина која се нарекува Анџелина Џоли и Бред Пит.