Новак Ѓоковиќ изнајми луксузна вила за првата брачна ноќ

Тенисерот Новак Ѓоковиќ изнајми најлуксузна вила за венчавката која ќе се одржи утре и задутре на Свети Стефан.

Веселбата која ќе биде после венчавката на Кралската плажа ќе биде со големо обезбедување. На гостите на свадбата на Новак и Јелена ќе им биде на располагање голем шатор, како и велнес центарот на Кралската плажа. Тие двајца првата брачна ноќ најверојатно ќе ја поминат во познатата вила 118 која сега се вика апартман „Свети Стефан“. Таа има две нивоа и најголема соба од 165 квадрати каде би требало да бидат младенците,  чини 3.500 евра за една ноќ.

Пред Новак и Јелена  во оваа вила претстојуваа многу припадници на светскиот џет-сет. Меѓу нив биле Елизабет Тејлор, Карла Бруни, Силвестер Сталоне, Софија Лорен, Клаудија Шифер, Џереми Ајронс, англиската принцеза Маргарета.