Новак Ѓоковиќ преку Ферер до полуфинале во Шангај

Новак Ѓоковиќ забележа нова победа на Мастерсот во Шангај, откако во четвртфиналето го совлада Давид Ферер. Србинот до својата 29 последователна победа во Кина дојде во два сета (6:4, 6:2).

Ѓоковиќ беспрекорно сервираше низ текот на целиот меч, притоа успевајќи успешно да реализира три од седумте брејк топки. Негов следен противник ќе биде победникот од дуелот Рожер Федерер-Жулиен Бенето, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Жил Симон и Фелисијано Лопез.

Симон утринава беше поуспешен од Бердих, додека Лопез го совлада Јужни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.