Новак Ѓоковиќ елиминиран од ОИ, во солзи го напушти теренот

За најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од Србија заврши настапот на Олимписките игри во Рио во сингл конкуренција.

Хуан Мартин дел Потро го елиминира светскит рекет број 1 уште во 1.коло на тенискиот турнир во поединечна конкуренција.

-Му честитам на Дел Потро, одличен човек уште подобар тенисер. Имаше многу потешкотии поради повреди во изминатите неколку години, но сигурно неговата игра му недостигаше на тенисот, видовте што сè може да одигра, особено со форхендот. Играше подобро во пресудните моменти. Сè што ми преостанува е да му симнам капа и да му честитам. Ова е многу тежок пораз, најтежок во мојата кариера. Ужасно боли, им се извинувам на сите кои ги изневерив – низ солзи истакна Ѓоковиќ по завршувањето на мечот.

Во мечот кој траеше два часа и 21 минута Аргентинецот го победи Ѓоковиќ во два сета и тоа на двапати во тај-брејк со 7:6 добивајќи го првиот со 7:4, а вториот со 7:2 на поени.

Србинот со солзи во очите го напушти теренот по поразот, свесен дека Дел Потро е тенисерот кој е нерешива енигма за него на Олимписките игри, откако и пред четири години во Лондон го загуби натпреварот за бронзениот медал токму од Аргентинецот.