Спорт

Новак и Серена први носители на Вимблдон, Надал дури десетти

Новак и Серена први носители на Вимблдон, Надал дури десетти

Ол Ингланд клубот денеска го објави ранкингот на носителите на најновото издание на Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ очекувано е прв кај тенисерите, додека Рафаел Надал ја има позицијата на десети носител.

Српскиот тенисер очекувано ги предводи фаворитите на неофицијалното светско првенство, додека потоа следуваат Рожер Федерер, Енди Мареј и победникот на Ролан Гарос, Станислас Вавринка. Потоа следуваат Кеи Нишикори, Томаш Бердих, Милош Раониќ, Давид Ферер, Марин Чилиќ, а најдобрите десет завршуваат со Рафаел Надал.

Кај тенисерките, очекувано прва носителка е Серена Вилијамс пред Петра Квитова и Симона Халеп. Марија Шарапова е четврта носителка, а по неа следуваат Каролин Возниацки, Лици Шафарова, Ана Ивановиќ, Екатерина Макарова, Карла Суарез-Наваро и Анџелика Кербер.