Новак: ТАП нема да влијае врз планот за руски гасовод до Балканот

Како што јави ТАСС, Новак нагласи дека ТАП, кој треба да пренесува природен гас од реонот на Каспиското Море и Блискиот Исток, преку Турција, Грција, Албанија и Италија до Западна Европа, ќе биде со капацитет од 10 милијарди кубни метри годишно, што е незначително количество во споредба со европските потреби.

– На европските потршувачи им е потребен поголем обем на гас и диверзификација на изворите. Од тие причини дури и тој проект да биде реализиран, тоа не ја исклучува неопходноста и можноста за изградба на други гасоводи, за што веќе преговараме со нашите грчки и италијански партнери, истакна Новак.

Тој нагласи дека гасоводот преку Црното Море би доаѓал до Грција преку териториите на Бугарија или Турција.

На 17 мај беше означен стартот на изградбата на ТАП на територијата на Грција, кој ќе биде дел од Јужниот гасен коридор на ЕУ. Овој коридор треба да биде завршен во текот на 2019 или 2020 година.