недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Новакоски: Паднаа во вода шпекулациите за фантомски гласачи

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини СДСМ дека цели две години ја лажела и манипулирала македонската јавност дека имало половина милион фантоми.

aleksandar_novakovski_0-640x358

Последни вести

На 11 декември право да гласаат ќе имаат 1 милион и 780 илјади граѓани од кои 230 илјади се ставени на посебниот избирачки список. За нив државната изборна комисија смета дека се на привремена работа надвор од Македонија.

Според поранешниот претседател на ДИК, Александар Новакоски со заклучувањето на списокот, паднале во вода шпекулациите за фантомски гласачи. Избирачкиот список како што вели тој не претрпел големи промени. На него има само неколку илјади повеќе гласачи од изборите пред две години.

Државната изборна комисија по договорот меѓу партите постигнат на 20-ти јули подготви список со околу 40 илјади имиња под сомневање дека се работи за фантомски гласачи – на овој список се и најдоа лица кои се активни во јавниот и политичкиот живот, а за кои по проверките се докажа дека не биле фантоми. Голем број граѓани кои се најдоа на ваквиот список негодува поради тоа што воопшто биле проверувани, појаснувајќи дека со години живеат на иста адреса и го даваат својот глас во исто избирачки место, некои пак најавуваа и тужби за членовите на ДИК, поради тоа што биле прогласени за фантоми.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини СДСМ дека цели две години ја лажела и манипулирала македонската јавност дека имало половина милион фантоми. Во писменото соопштение се наведува дека нема ниту најмала дилема дека СДСМ го подметнала сценариото со избирачкиот список само за да иницира криза која потоа би отворила простор за реализирање на големиот план на Зоран Заев, кој подразбира воведување на двојазичност, кантонизација и промена на Уставот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За СДСМ пак, со заклучениот избирачки список Комисијата го потврдила она што социјалдемократите долго го тврдеа – дека во Македонија има околу 1.500.000 гласачи.

Најчитани вести