сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 32

Новаковски: Избирачкиот список е еден, се шпекулира за некакви префрлања

Постојат реални услови избирачкиот список да се прочисти вели поранешниот претседател на Државната Изборна Комисија, Александар Новаковски во гостувањето на ТВ Нова.

novakovski-dik-spisok

Поврзани вести

Постојат реални услови избирачкиот список да се прочисти вели поранешниот претседател на Државната Изборна Комисија, Александар Новаковски во гостувањето на ТВ Нова.

И временски постои можност и екипираноста е навистина на завидно ниво и финансиите. Да се направат теренски посети, но немојте да создаваме забуна затоа што многу лесно се шпекулира дека ќе се префрлало на некој друг список. Нема друг список, списокот е еден. Не може никој да префрла граѓани додека не се изврши проверката. Ќе ми биде драго ДИК да ја заврши оваа работа, да ја отклони колку што може таа дилема, но сепак последно би кажал дека јавноста мора од ДИК константно во овој предизборен период да добива информации за граѓаните да се проверуваат во подрачните. Ние до сега не сме виделе соопштение, до сега се се сведе на техниката на тоа што во затворен круг се знае, но сепак, и тоа е добро да се работи и да се расчисти, рече Новаковски.

Тој во интервјуто напомена дека избирачкиот список е жива материја посебно во овој глобализиран свет кога имаме многу миграција и потенцираше дека ниедна земја во светот не може да се пофали со сто посто чист избирачки список.

Целото негово гостување погледнете го во продолжение:

Најчитани вести