Новаковски: Пратеничките мандати се верификувани законски

Собранието на Република Македонија ги верификуваше мандатите на пратениците на СДСМ согласно уставот, посочи поранешниот претседател на ДИК од редовите на СДСМ, Александар Новаковски,  во гостување на телевизијата 24 Вести.

„Верификацијата на мандатите е врз основа на конечниот извештај на Државната изборна комисија. Конечниот извештај на ДИК е доставен до Собрание, го расправале на седница и тој е во точка на дневен ред“, објасни Новаковски

Новаковски посочи дека со тужбата која ја доставува, опозицијата побива дека се верифицирани мандатите иако имало изјави заверени од нотар.

„Мандатите се верификувани врз конечен извештај на ДИК. Верификационата комисија во моментот кога предложила да се верификуваат мандатите, предвидено е во законот-доколку има дилема околу одредени мандати, може да бара мислење од ДИК“, истакна тој.

Новаковски праша зошто сега не следат оставки бидејќи не слушнал некој да достави оставки. Избраните пратеници од СДСМ се повикуваат на нотарските изјави.

„Ние имаме системи каде мандатот се враќа до ДИК, кај нас не.   Кај нас се враќа до Собрание. Овој термин ’неприфаќање на мандат’ е многу редок термин. Има земји каде не може да се врати мандат. Во нашето законодавство тој термин го нема и строго е предвидено, затоа јас тоа го сметам за преседан, предвидено е дека треба да се даде оставка. Кај нас беше толку строго да оставката мораше и лично на седница да ја даде пратеникот“, објасни екс-претседателот на ДИК.