Новаковски: Според извештаите на ДИК изборите се одвиваат во најдобар ред

новаковски

„Голем број набљудувачи пристигнаа во Македонија на покана на Република Македонија и се распределени по гласачките места. Се надевам дека по завршувањето на изборниот ден кој ќе помине во мирна атмосфера ќе добиеме добро сумирање на резултатите, бидејќи тоа се оценува – добро предавање на материјалите, а за евентуално мали неправилности си постојат во законот одредени членови кои точно укажуваат што треба да се преземе“, изјави Новаковски.

Тој додаде дека набљудувачиите оценката ја даваат врз основа на конечниот извештај, а во текот на утрешниот ден ќе излезат во јавноста со прелиминарен извештај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.