Новата Антикорупциска комисија со поголеми ингереции

Новиот состав на Антикорупциската комисија ќе добие поголеми ингеренции,но со работа ќе почне најверојатно наесен, најави министерката за правда, Рената Десковска, но не е познато дали и кој ќе ја контролира нејзината работа. Според Десковска, измените во законот за спречување на корупција ќе овозможат тоа да биде експертска комисија ослободена од политички влијанија и ќе има капацитет одговорно да ја врши својата функција..

Целта е да се создадат механизми, практично што ќе и даде можност антикорупциската комисија да биде експертско тело на луѓе со интегритет кој што ќе можат да ја вршат својата функција и секако законски основи кои што ќе дадат засилени ингеренции во вршење на своите овластувања, изјави Дескоска.

Според неа, дилемата била дали вреди да се форимра антикорупциска комисија на краток рок, според сегашните закони, или, пак, да се формира комисија која што ќе биде капацитетна.

Верувајте, мојот пристап е дека треба да имаме суштенски измени, а не само проформа за да задоволуваме определени барања и да прикажеме дека нешто сме направиле. Навистина интересот и желбата е да имаме Антикорупциска комисија којашто капацитет да ја врши својата функција работата, изјави министерката за правда на денешната трибина на тема борбата со корупцијата, а организирана од Националната конвенција за Европска унија.

За Дескоска загрижувачки е доколку се утврди корупција во судството, бидејќи таму треба да се спречува. Министерката најавува и посебно вниамние за ефикасност на судството во борбата против корупцијата.