Новата апликација termin.mk заштедува време

Неодамна официјално се лансираше новата интернет апликација на македонскиот веб простор – Termin.mk.  Termin.mk е иновативната интернет алатка за брза и ефикасна проверка и резервација на слободни термини во свадбените локации, спортско-рекреативните центри и игротеките.

Целта на Termin.mk е на корисниците да им заштеди време, при што со неколку кликнувања ќе им овозможи да дојдат до информацијата дали термините кои ги посакуваат се слободни на нивните омилени места и истовремено да остварат резервација или барање за истите.

Овој вид на веб услуга се воведува за прв пат во Македонија

„Фактот што доаѓањето до посакуваниот термин за свадба, спорт и рекреација, или пак термин за прослава во посакуваната игротека е реален проблем во Македонија, беше предизвик за нас да овозможиме нешто ново на пазарот, што низ квалитетна, сигурна и брза услуга ќе ги задоволува апетитите и на најпрефинетите,“ велат од тимот на термин.мк

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.