Новата атмосферска под стоковната „Мост“ пред крај

Изминатиот месец екипи на Градот и на ЈП „Водовод и канализација“ почнаа градежни активности за подобрување на атмосферскато- канализациска мрежа на подвозниците на булеварите Киро Глигоров,  Гоце Делчев и на улицата Павел Шатев. Оваа акција следуваше по зачестените поплави на скопските улици по речиси секој посилен дожд, а надлежните причината ја лоцираа во малиот капацитет на атмосферската канализација.

Поголем дел од од градежните работи на атмосферскиот колектор под стоковната куќа „Мост“,  се веќе завршени или во звршна фаза на изведбата. На оваа локација покрај активностите на постојаната атмосферска мрежа, ќе биде изграден дополнитен колектор со профил Ф 500 милиметри, во должина од 62,1 метар и тоа од јужниот коловоз до приклучокот во постоечкиот атмосферски колектор Ф 1000 милиметри. Воедно, подолжно по јужниот коловоз ќе биде изведен армирано-бетонски монолитен канал во должина од 30 метри, а попречно, по двата коловоза ќе биде изведен армирано бетонски монолитен канал во должина од 27 метри со зафат преку попречни и подолжни решетки со канали од двете страни на булеварот.  Со овие зафати и зголемувањето на капацитетот на атмосферскиот колектор, сметаме дека значително ќе се подобри одведувањето на атмосферските води и ќе спречи поплавување на коловозот во услови на интензивни врнежи. Изведба на дополнителната атмосферска мрежа под стоковната куќа „Мост“ се очекува да завршат за 50 работни дена. 

„Реконструкцијата на  атмосферската канализациска мрежа,  на дел од булеварот Киро Глигоров, е веќе завршена ,  со што проточноста на атмосферските води треба да се зголеми двојно. Оваа локација на булеварот Киро Глигоров беше посочена како една од десетте црни точки во градот кои редовно се поплавуваа во текот на обилните врнежи ова лето.  На терен најпрво беше извршена реконструкција на постојниот атмосферски колектор кај објектот „Бриколаж“, при што беа вградени полипропиленски цевки, со профил Ф 800 милиметри, во должина од 57 метри. Со овој зафат беше извршено исправање на атмосферскиот колектор којшто претходно имаше две прекршувања под агол од 90 степени“, информираат од Градот.

На јужната страна на булеварот Киро Глигоров, кон подвозникот, веќе се поставени решетки од монолитен бетон. Моноблоковите се странично армирани и бетонирани со димензија RD 300 милиметри, во должина од 7,3 метри во правец од Аеродром кон Автокоманда, а во правец од Автокоманда кон Аеродром во должина од 5,3 метри. Истите се приклучени во шахтите на постојниот атмосферски колектор Ф 1.200 милиметри, а коловозот е асфалтиран.

За  одведување на атмосферските води од северната страна на булеварот Киро Глигоров, исто така, се поставени решетки од монолитен бетон.  Решетките се приклучени во постојниот колектор, а коловозот е асфалтиран.

Функцијата на моноблоковите е да ги прифатат атмосферските води пред тие да се слеат во најнискиот дел на подвозникот и да го поплават.

При крај се работите за реконструкција атмосферско-канализационата мрежа на улицата Павел Шатев.  Досега, во правец  од Пржино кон подвозникот, на раскрсницата, на двете коловозни ленти е извршен ископ и е поставена бетонска подлога. Градежните работи продолжија  со поставување три попречни решетки од монолитен бетон со димензија RD 300 милиметри, во должина од 7,35 метри и еден сливник. Тие се приклучени во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 900 милиметри, по што беше асфалтира коловозот.

„Останува, на истиот потег, кај црквата „Света Петка“, да се постават две попречни решетки од монолитен бетон на двете коловозни ленти, во двата правца. Решетките се со должина од 3,35 метри. Тие ќе се приклучат во постојната шахта на постојниот атмосферски колектор Ф 600 милиметри, по што коловозот ќе се асфалтира.  На крстосниата дополнително ќе се постават три сливници – два сливника ќе се постават еден до друг, попречно, на самиот коловоз и тоа на влезот од улицата Павел Шатев кон улицата Огњан Прица, а еден сливник ќе се постави на влезот од улицата Огњан Прица кон булеварот Павел Шатев.