Пуштена е во оптек новата банкнота од 20 евра

Пуштена е во оптек новата банкнота од 20 евра. Европската централна банка (ЕЦБ) ја пушти денеска во оптек новата банкнота од 20 евра.

ecb-1

Банкнотата вчера беше претставена на прес-конференција во централата на финансиската институција во Франкфурт, каде што членот на управниот совет на ЕЦБ Ив Мерш го објави пуштањето во оптек од 25 ноември.

Банкнотата е од серијата „Европа“, содржи подобрени заштитни симболи во споредба со сегашната, наведе банката во коминике.