Новата драма на Горан Стефановски со премиера в четврток

На сцената на Словенско народно гледалишче во Љубљана, Словенија, в четврток ќе се одржи премиерата на Figurea Veneris Historiae, новата драма на Горан Стефановски режирана од Александар Поповски.

– Темата на пиесата е дека љубовта е невозможна во светот на политика. Таа ја прикажува историјата како масовна човечка оргија, баханалија. Војната е средство со кое историјата и човештвото меѓусебно се силуваат. Жанрот на пиесата е трагична фарса. Истовремено е трагично и комично да се гледа како луѓето, според Џојс, се обидуваат „да се разбудат од ноќната мора на историјата“. А и ако успееме да ја растераме оваа срамна хипноза, дали ќе се засрамиме? – вели за своето најново дело прочуениот драмски писател Стефановски.