Новата електронска наплата во ЈСП нема да ја зголеми цената на билетите

Со замената на старите автобуси, јавното сообраќајно претпријатие значително го подобри и модернизира градскиот презов во метрополата. Од неодамна во автобусите почна да се инсталира и опрема за автоматска локација и електронска наплата, која како што беше најавено, треба да почне да функционира од септември.

Со автоматската локација, патниците на автобуските стојалишта на електронски табли ќе добиваат информации за колку време ќе стаса автобусот што го чекаат. Возилата ќе бидат следени преку сателит и информациите ќе се проследуваат во реално време.
Со системот за електронска наплата, односно со воведувањето таканаречени „паметни“ билети, ќе се избегнат билетите од хартија и ќе се скрати времето на влегување на патниците во возилата. Граѓаните што се возат со јавниот превоз ќе си купуваат електронски припејд-картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето.

Околу имплементацијата на овој систем и некои други прашања поврзани со работата на ЈСП, „Нетпрес“ раговараше со новиот директор, Игор Јанушев.

jan
До каде е монтажата на опремата за електронска наплата на биелти?

Во моментов опремата е инсталирана на 200 од 384 автобуси, останатите  се очекува да бидат инсталирани до крајот на месец мај. Системот за автоматска локација и електорнскиот систем за наплата на ЈСП СКОПЈЕ со ова темпо на активности се очекува да биде пуштен пробно во употреба во текот на месец август / септември 2015 година.

Дали проектот ќе се имплементира  паралелно и кај приватните превозници?

Да,  имплементацијата на системот паралелно ќе се одвива и во приватните автобуси.

Како ќе функционира диспечерскиот центар што се предвидува во студенстскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“?

Диспечерскиот Центар ќе се реорганизира во Оперативно Контролен Центар (ОКЦ) кој ќе врши мониторинг  на целокупниот сообраќај. Имено ќе има можност за корекции во возниот ред, пренасочување на одредени линии поради одредени прекини на сообраќајот, континуирана комуникација со возачите.

Дали се предвидува зголемување на цената на билетите по имплементација на проектот?

Цената на билетите засега останува иста. По отпочнување на работа на системот, ќе ги разгледаме можностите кои ги нуди системот  од типот на:
-нов тарифен систем / нови типови на билети : билет со преседнување, ограничено времетраење, дневен билет, неделен билет, бикенд билет и друго. Во прво време истиот ќе започне да функционира согласно постојниот тарифен систем, но, во иднина постепено ќе се премине на нов тарифен систем.
– Плаќање со мобилен, кеш, кредитен картичка и смарт картичи.

Имаше период кога во автобусите беа зачестени  насилства меѓу средношколци.  Превентивно почнавте со поставување безбедносни камери кои снимаат.  На кои линии се поставени вакви камери и дали има ефект од тоа?

Ова во минатото претставуваше проблем со кој  во континуитет се соочувавме. Во насока за подигнување на свеста кај оваа категорија кои во најголем број ги користи нашите услуги се спроведе кампања  ,,Стоп за насилството во возилата на ЈСП СКОПЈЕ,,  во соработка со СВР СКОПЈЕ. Веќе три години работиме на едукација преку  работилници, предавања во средните училишта. Како надоврзување на овој проект е и поставувањето на безбедносни камери  во дел од автобусите каде искуството покажува дека има најголем број на инциденти.

 До каде е реконструккцијата на Миелниумск крст, ќе биде ли летово пуштен  ресторанот?

Овој период интензивно се работи на реконструкцијата и преадаптацијата на Милениумскиот Крст во повеќе фази. Имено Милениумскиот Крст доби ново современо осветлување, антикорозивна заштита , а во моментов се работи на замена на лифтот, одвод- довод и резервоар со пречистителна станица. Целиот зафат околу реконструкцијата би требало да заврши до крајот на летото, што значи дека и до тогаш  ресторанот би требало да профункционира.

Дали се планира студентите да добијат бесплатен превоз и некој друг ден во неделата?

Одлуки за бесплатен превоз на одредени категории на граѓани ги носи Владата на Република Македонија согласно предвидените програми во соработка со Град Скопје.