Новата „Фејсбук“ апликација ќе ви каже каде се вашите пријатели

Нова апликација на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Со помош на оваа апликација можете да им дадете на знаење на вашите пријатели точно каде сте, но и вие да дознаете каде се тие.

Nearby Friends ги повлекува податоците од ГПС-от на мобилниот и како велат во Фејсбук, ќе ви открие каде се наоѓаат вашите пријатели додека сте во движење.

Ако ја вклучите опцијата, апликацијата повремено ќе ви ги јавува локациите на луѓето. Можете да одлучите кој смее да види каде се наоѓате, а исто така можете во било кој миг да го исклучите приказот.

Во САД опцијата пристигнува во наредните неколку недели, но не е познато кога стигнува и во остатокот на светот.