Новата грчка Влада сака долгорочна соработка со Русија и реализација на Турски тек

Со полагањето на свечената заклетва, Алексис Ципрас го започна вториот мандат како пример на Грција. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, во новата Влада повторно ќе учевствува стариот партнер, партијата Независни Грци на Панос Каменос. Ставот на Независни Грци во однос на проблемот што Атина го има со нашето уставно име е порадикален и од официјалната грчка црвена линија, а тоа е дека конечното решение не смее воопшто да го содржи треминот Македонија.
 
Сега имаме можност да ги имплементираме нашите основни заложби, со цврсти чекори и во рамките на нашиот четиригодишен мандат, искрено да се бориме за нашиот народ повеќе да не крвари, дури и по цена на тоа ние да крвариме, изјави Ципрас на средбата со коалицискиот партнер Каменос.
 
Она што е значајно е стабилноста. Со стабилност и верба, работите ќе си дојдат на свое место побргу, смета Каменос.
 
Главна цел на новата грчка Влада ќе биде имплементирањето на обврските односно мерките за штедење од третиот Меморандум. Освен тоа, тие планираат и да ја интензивираат соработката со Русија во полето на инвестициите, а пред се да продолжат со реализацијата на рускиот гасовод Турски тек. Двете страни во јуни годинава потпишаа и договор за изградба на гасоводот, која што се очекува да почне во 2016 та година. Портпаролот на Независни Грци, Теренс Квик, потврди дека новата грчка Влада е подготвена да продолжи со гасоводниот проект.
Ние сме поготвени. Сега се зависи од Русија. Овој пат имаме стабилна влада која што ќе остане на власт четири години. Значи, може да работиме заедно со Русија на полето на ивестициите. Овој пат мора да го сториме тоа. Со обновениот мандат од народот се подобруваат и политичките одлуки на новата влада предводена од СИРИЗА, која што ќе ја поддржи долготрајната соработка со Москва, соопшти Квик.
 
 Составот на новата грчка Влада се очекува да биде објавен најдоцна до утре.