Македонија

Новата италијанска фабрика во Штип ќе отвори 280 нови вработувања

Новата италијанска фабрика во Штип ќе отвори 280 нови вработувања
Новата италијанска фабрика во Штип ќе отвори 280 нови вработувања

Италијанската компанија „Кондево“ влегува во Македонија.  Новата инвестиција во ТИРЗ-Штип почна со градба на фабрика.

Во фабриката на италијанската фирма „Кондево“ ќе се произведуваат делови за кондензациски бојлери. Инвестицијата чини над 30 милиони евра, а во неа ќе се вработат најмалку 280 работници и стручен кадар.

Сопственикот на италијанската фабрика „Кондево“, Рафаеле Џенони истакна дека за само 15 месеци откако се заинтерсирал да инвестира во Македонија веќе стартуваат градежните работи на новата фабрика во Македонија во кој ќе се произведуваат компоненти за бојлери.

Посебна благодарност од татко ми и од мене до господинот премиер затоа што ја замисли и спроведе оваа македонска политика за странски инвестиции што татко ми и јас како претприемачи ја сметаме за победничка политика, во ситуација каде сите се победници во целиот економски финансиски систем за секоја земја, истакна Џенони.

Тој на денешниот настан објасни како дојде до договорот нивниот капитал да го вложат во Македонија.

Министерот Џери Наумов беше во Палермо и покрај неговата агенда која веќе беше исполнета со состаноци тој успеа да најде време за еденчасовен состанок во текот на паузата за ручек. Нашата деловна средба траеше повеќе од два часа и ние вендаш ја договоривме првата посета на Македонјиа која ја остварив по две недели. Гледајќи наназад а особено додека размислувам за големата работа што се заврши во изминатава година не ми се верува дека само пред помалку од една година започна оваа неверојатна и храбра авантура и дека стигнавме тука за рекордно време, рече Џенони.